Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27ми октомври (четврток), во манастирот Св.Петка село Велгошти – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преп.Параскева (Петка) Епиватска“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
sv-petka

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.