Во преполна сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа свечена прослава по повод патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. Овогодинешната програма за свечената приредба беше на тема: „Звуците и бојата на пролетта“.2015PatronatOUZivkoCingo12 (2)

Пред присутните во салата се обрати директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски.

„Веќе 139 години ОУ „Живко Чинго“ е расадник на образовани и воспитани млади генерации, кои понатаму успешно чекорат во животот, притоа следејќи ги современите трендови и промени во образовниот систем. Во изминатиов период значително се подобрија уловите за настава и работа во нашето училиште, нагледноста во наставата, а исто така се поветуваше и големо внимание на професионалниот развој на кадарот вклучен во воспитно образовниот процес. Преку донација од МОН се реконструира училиштето, односно се постави нова термо фасада на целото училиште, а исто така се реновираа санитарните јазли, како и се направи целосна замена на електричната и водоводната инсталација. Условите во кои учат нашите ученици и во кои работат нашите колеги се на многу завидно ниво, и со сигурност може да се каже дека ги следат светските трендови. Од оваа година нашите првачиња учат во нова училница, заедно со нивните врсничиња. Во соработка со Лајонс клуб Десарети и со Маседониан скул проџект оваа училница се опреми со училишен мебел и со нагледни средства.2015PatronatOUZivkoCingo13

По ставањето во функцја на новоизградената сала Тодор Александров минатата година, нашите ученици добија идеални услови за спортување и здрав живот, а исто така салата се користи и за големи спортски настани. Подобрувањето на условите за реализација на наставата по физичко и здравствено образование се одрази во многубројните освоени места и награди од спортски натпревари во текот на изминатава година. Нашите ученици своите знаења, вештини и способности ги изразуваат преку натпревари во знаење и спорт, во различни конкурси, како и во бројните манифестации што ние како училиште ги организираме.“- рече во својот говор директорот Чингоски.

Чингоски на најуспешните ученици им врачи награди, како и благодарнци на заслужните субјекти.

Во продолжение на прославата следуваше богата програма во изведба на учениците од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти.

Извор:  webohrid.com