Пред самииот влез во Градското пристаниште никна џиновско македонско државно  знаме.

Поставено било утринава околу 7 часот од  службите на македонската Влада.Столбот е висок 24 метри,а на него поставени се и рефлектори кои ке даваат посилен ефект  во вечерните часови.

 Големото македонско знаме во Охрид е дел од владиниот проект за јакнење на националната свест, во чии рамки ќе бидат поставени вкупно 16 такви знамиња во повеќе градови низ републиката. За тоа државата од буџетот ќе издвои околу 50 илјади евра.