Фестивалот “Охрид фест – Охридски трубадури” распишува конкурс за XVIII-то издание на фестивалот кое ќе се одржи на Летната сцена во Долни Сарај во Охрид, кон крајот на август 2011 година и тоа:

– 23-ти август (Детски фестивал “ЧУНГА ЛУНГА”);
– 24-ти август (Вечер на нови ѕвезди);
– 25-ми август (Фолк вечер);
– 26-ми август (Поп вечер) и
– 27-ти август (Интернационална вчер).
На конкурсот на фестивалот можат да учестуваат сите автори кои во предвидениот рок – 30 април 2011 година, ќе ги испратат своите песни на следната  е-маил адреса ohridfest@yahoo.com.
На конкурсот се испраќаат:
– демо аудио снимка од песната;
– текстот на песната;
– две фотографии;
– телефонски и е-маил контакти.
Авторите на композициите имаат право да предлагаат интерпретатори за нивните песни, но дефинитивниот избор на пејачите го одредува Фестивалот “Охрид фест – Охридски трубадури”.
На Конкурсот за Детскиот фестивал ЧУНГА ЛУНГА треба да се испраќаат мелодии кои одговараат на детската возраст и соодветни текстови наменети за деца.
На конкурсот за Интернационалната вечер можат да учествуваат и автори од  светот, со песни кои премиерно се изведени во 2011 година или потполно нови композиции.

 

“Охрид фест – охридски трубадури”