Бев на филхармоноја. Жими тебе. Полска фолхармонија. Да. Диригент Јануш Пшибилски. Солист Станислав Джевицки.  Уф како се спремав. Ко разбрав дека таков настан имат кај нас, а разбрав поручекта и ги презедов сите мерки. Се избричив под мишки зш ќе имат гужва, ќе е горештина и ќе облечам маица со кратки ракај.

Не личит пак со мов под мишки да сум. Не така?  После, не јадев дента грав. Како ам. Не ќе е ова филм со каубојци и индијанци  кај шо имат пукање, галама за да …Тишина е на ваква работа. Ам како.

Ем нејадов грав ем си кладов со време клизма да не ми идат ни ждригање ни нишо. Празен да сум. Да си глем на рајат а не да ги вежбам газниве мускули. Зш ова е настан море шо се одржвит во града Охрида. Град шо е центар на македонската култура и словенската писменост и град на оговарачи. Ам ќе те кажите некој.
Почвеше во 7 вечерта. Јас разбрав во 5. Си викам алал да ми е како успеав за еден сат да се спремам. Да бе еден сат. Зш во седум , шо бе во седум во шест и пол ќе бидит џуба џуба народ. Ак немат гужва за ваква работа во градот на словенската…..Кај ќе имат жити леб. И шест сатот јас данк таму. Во Центарот за култра, во градод центар на културата во….

Ко то во салата само јас бев заедно со мене. Си реков дан фтнав денот? Сатот? Дан беше во девет не деветнаесет? Излегов надвор читам на плакатата …не бе не сум фтнал. Ама шо немат луѓе? За секој сличај книвчето шо го зедов за читање го остајв на столот да не нагрнат наеднаш луѓе и да го јадам стапот,  да седам негде назад. Мада акустиката во салана наша е како родена за вакви настани кај и да мрзниш се слушат.

Излегов надвор пред да почнат да нагрнвет запалив цигаре и читам: Европски филмови 50 денари, Амерички 100 денари. Се задумав. Тук да. Авионот од Америка е поскап. Ам зш ко така не носат српски филмој. Не требит да се поскапи  од 20 денари. Уба политика на раководфствово на Центаров за култура, во градов  центар на….. Само заебано ќе е ако донесат филм со Брус Ли. Гарант ќе е 280. Ам како. Далеку е Јапонија.

Дур се думав дојде 10 до седум и нагрна народ. Раја. Се собравме 40 луѓе. Ај да не претервам. 35 бевме. Се задумав и почнав да барам причини зашо толку малку сме. Ојдов на поуза в кенеф, зш обично таму ми идат исправни мисли, ама не се намислив многу. А намести се да мислиш мочајќи еден писоар полн до врв. Трите. Ај во шољиве а таму имаше…..ај да не ти гажвам можда јајш.

Си викав да не е причина народов.  Дан ни е селски. Не вервам. А плус то период на зимници е. И шо е зимницава ние не прајме многу. На пример баба Дувка ќе напрајт ајвар, пинџур, малиџано, барени, потпљускони, туршија, расол, гамбици, феферонки, пеглани, со зелка, со лук и македон, руска салата…..колку да се најт за неа за ќерка и Спаса, син је Видосав, сестра и Трена и така. Значи не ќе да е ради зимници. Нити ради то шо народов е селски.

Дан беше ради реклама. Хм?  Не вервам. Имаше една плаката во гимназија в натре на чатија и една пред влезот во Центарот за култура , во града Охрида кој е ….Е сега ако зли језици оговарају ќе најдат и мана на то шо пишеше дека се купвет билети а ни кажвеа дека е без билети и други љубоморни забелешки. Додуша да не грешам душа имаше и на охрид њус, видов дека има и на охрид њус, еден ден пред да биднит  настанов, раководството на Центарот за култура шо е во градот….даде и на охрид њус и мислам ама не сум сигурен дека одеше реклама и на охрид њус.

То не е малку. Четири медиуми и две плакати ам како. Директорката си напрај то шо требит. Можда требаше да дајт и на охрид њус колку да покриет непокриеното. Она малку шо остана.  Ама пак да не палардисвиме многу. Да дојдеше некој шо идат еднаш на 100 години ај де де. Ам полскава филхармонија ќе дојт пак. Некош. Ене кај е Полска. Во Европа . И да се наплаќат влегвит во оние со 50 денари. Еве например јас разбрав од Никодинка во дуќанон. Ми завитка компири во еден плакат незнам од кај го нашла. Ваљда во стратегијата за пропаганда на раководтсвото на Центарот за култура и полни писоари и го имет даено. Таман кај шо требит.

Можда пак неубо беше напишано во ливчињана?А? Зш друго е да пишит во нив: Јануш Пшибилски  допломира кај Томас Кјесеверт….е уметнички директор и шеф на Варминско- Мазурската Филхармонија….одржува концерти во Европа , Јапонија….А пак друго е да пишит: Цеца Ражњатовиќ е родена во Житораџа…..има дечко кој…..кладе силиконски гради во…Мислам дека тогаш појќе ќе дојдеа.

Како и да е. Јас убо си поминав. Им напрајв чест на луѓето шо свиреа, тие ми напраја мене чест со уба музика, а на крајот сите му направјме чест на Таши кој влезе ко аплаудиравме на крајот за бис. Го пречекавме со аплауз. Да. Во Центарот за култура и полни писоари и шољи полни со…ај да не кажвам. Не вервам дека се најаде.

ЏИМИ

jimmy@t-home.mk