Црковниот одбор од селото Велгошти донира пари за основното училиште Живко Чинго што е пример достоен за почит. Со донацијата во завршна фаза е поправката на веќе дотраените и оштетени надворешни скали, информира директорот на ОУ, Ѓоко Чингоски. Со тој градежен зафат ќе се докомплетира потребната инфраструктура која недостасува во школото.

„Проектот со кој се намнети средства за поправка на надворешните скали, за работна рака и за материјал, е заслужен Цековбниот одбор од Велгошти. Имаме и ние еден удел, но најголемиот издаток е на одборот. Упатуваме голема благодарност од мое лично име, од колективот и од родителите на учениците за гестот на Црковниот одбор“, напоменува Чингоски.

Училишната зграда во Велгошти е образовна институција со современи услови за учење кои за жал многу нивни врсници од селските средини сеуште ги немаат. Училишниот менџмент досега се ангажирал со сопствени средства, но и со пари од министерството за образование да се постави фасада со термоизолација, да се замени дограмата и целосно да се реновираат 6 санитарни јазли. Исто така , да се постави нов кров, да се изгради многу потребната училница за прво одделенците, а се реконструирани и потпорните ѕидови во дворот на школото . Од школото постојано се трудат да ги подобрат условите за работа и одвивање на образовниот процес. Со тековниот градежен зафат како што е поправката на оштетените скали, на кои ќе се постават соодветни плочки, ќе се придонесе за подобрување на безбедноста на 263 -та основци кои учат тука. За поздравување е постојаната помош која доаѓа од Црковниот одбор од Велгошти кој се грижи за 13 цркви во велгошко ,и несебично помагаат за учениците од ОУ Живко Чинго.

„Претежно одборот помага за изведување на училишнит екскурзии. Минаат година на сите 9 оддленци им беше платена половина од сумата на чинење, а на оние ученицикои не може д аси дозвиолат им беше платен целиотизнос за да не биодат иземени. Секоја а година даваат пакетчиња за учениците од првоодоление и з адецат од градинката гопокриваат печатењето на алманахот и на полуматурската вечер“, наведува Чингоски.

Од школото може да се пофалат и со целосно реконструираните училници во кои ќе се изведува кабинетска настава опремени со современи нагледни средства. Нивна намера е да набават и табли на допир за школото да биде современ училишен центар. Во исчекување се да добијат и финансиска поддршка од Локалната самоуправа за оградување на дворот со што децата од Живко Чинго ќе бидат побезбедни на школскиот имот.

Извор: tvm.mk