ВМРО ДПМНЕ на претстојните локални избори во Охрид за свој кандидат за градоначалник ќе го има Кирил Трендафилов – Нанче, соопштија извори на партијата.
Вака одлучил Извршниот комитет на партијата на седницата што синоќа се одржала во Скопје .
 Претходно и другите поголеми партии ги истакнаа кандидатите за градоначалничката функција во Охрид. СДСМ ќе настапи со актуелниот градоначалник Александар Петрески, НСДП со Ацо Попоски, ЛДП со Боро Павлоски.

 

 

 

Трендафилов беше кандидат за градоначалник на Охрид и пред четири години, но како кандидат на ВМРО НП. Тогаш тој загуби во дополнителниот круг гласање од актуелниот градоначалник, Петрески.