Професорот Ѓорге Иванов на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ доби доверба од најголемиот дел од делегатите со што стана претседателски кандидат на партијата. За него гласаа  1.016 делегати, а вториот кандидат претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров освои 91 глас.Иванов во своето прво јавно обраќање како кандидат за претседател изјави дека е возбуден поради големата поддршка што ја добил од делегатите. 

 “ВМРО-ДПМНЕ едниствено има сила која обединува и сплотува како што успеа оваа Влада на чело со Никола Груевски да создаде амбиент дека сме обединети сите Македонци, Албанци, Турци, Власи…Голема чест е да се биде кандидат на ваква партија, но и голема одговорност” рече Иванов.

 

Претходно обраќајки им се на делегатите  лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Никола Груевски истакна дека приоритет на партијата и на владата се фер и демократски избори.

На Македонија, напомена Груевски, за претседател и е потребен квалитетен, стабилен и чесен човек кој успеал со својот труд и кој ќе работи без лаги и интриги.

“Посакувам претседател со кој ќе се конфронтирам, но не со интриги и лаги” рече Груевски.

 

Голем дел од своето обраќање тој го посвети на критикување на актуeлниот шеф на државата Бранко Црвенковски. Инаку конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател траеше два дена.