Телото на кралот на поп музиката Мајкл Џексон е вратено на семејството, по извршената обдукција. Тие се повлекоа во својот семеен дом во Лос Анџелес. Приватно оплакување и тага. Погребот е закажан за среда или четврток. Се очекува погребот да биде поголем од оној на Елвис Присли во 1977-та каде присуствуваа 75.000 обожаватели.
Сепак, бројното семејство на Мајкл Џексон не е задоволно од резултатите добиени од обдукцијата. Дополнителен сомнеж кај семејството е и фактот што адвокатите на Мајкл не им дозволуваат на родителите да ги видат двата тестамента што ги оставил пејачот. Колкаво богатство оставил Џексон зад себе ќе биде разјаснето откако ќе се направат сите проценки на неговите долгови, настанати од неговиот расипнички живот и бројните тужби.
Семејството Џексон сака безусловно да се разјасни вистината за смртта на нивниот најпознат член и бараат нова обдукција.



Преведено на Македонски од :