Добредојдовте во Велгошти

Во подмножјето на планината Галичица ,на источниот дел од Охридската Котлина, се наога Велгошти. Поголемиот дел од селото е расположено на падините и во подножјето на ридовите: ,,На пљуска”, ,,Горни лозја”, ,,Црвени Камчиња”, ,,Олмец”, ,,Костeње”, и ,,Чардак.”На запад ,југозапад и на североисток селото е отворено кон Охридската Котлина.
ИсторијаПриродаКултура
......За најстар род се сметаше родот Баракоски .Од нив малку останаа ,им се сотре семето. Се споменува името на некој многу умен и учен Барак , Иљо Барак. Како него друг учен и умен немало ни во Битола. Исчезнал , го немало. Дали го стопиле Грците, дали на робија го однеле,дали по мориња пошол,други земји да бара, - ништо не се знае. .....   Од газдите најпрочуен беше Јанаки Крлески. Во неговата куќа имаше од тишка млеко. Жито од неколку години, ракија од неколку години, вино од неколку години, секогаш имаше ланска пастрма, сирење од три години, ореви, лешници, кромид, гошер, маст од неколку години, дрва оломнански гореше, шајаци од своја волна носеше, - немаше нешто што нема во Јанекиевата куќа. И жена му Лулка беше домаќинка, за сè си имаше клуч. Еден таа, еден Јанаки. Толку беа, имаа ред во животот. А за најголем сој се сметаше сојот Шапкароски...Исечок од  „Пасквелија“ од Живко Чинго .